Бензини: По серија поскапувања, конечно поевтинување

За половина денар се намалува цената на бензините од ноќеска на полноќ, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Со тоа, од полноќ, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 67 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 69 денари за литар. Новата цена на дизелот ќе биде 56,5 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за еден денар и неговата нова цена ќе биде 45,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,818 денари за килограм во однос на претходно утврдената цена и согласно тоа ќе се продава по цена од 35,393 денари за килограм.

Претходна вестПолицискиот час, онаков каков што е, продолжен до 6 април
Следна вестНад 1.300 пациенти со ковид се во болница, во Скопје нови 54 за 24 часа