Бензините поевтини за 1,5 денари, дизелот со иста цена

Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,82 отсто денеска донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит, а малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) не се менува. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит, ддоека таа на мазутот М-1 НС се намалува за 0,859 ден/кг и сега ќе изнесува 50,044 ден/кг.

Од ноќеска на полноќ моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе чини 101,00 (денари/литар), моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 103,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 100,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,50 (денари/литар) и Мазут М-1 НС 50,044 (денари/килограм).

Претходна вестПовреден мотоциклист во сообраќајка на „Рузвелтова“
Следна вестМицкоски ќе се консултира со експерти околу референдумското прашање