Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,95 отсто денеска донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 3,00 ден/лит. Цената на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,681 ден/кг и сега ќе изнесува 46,979 ден/кг, додека цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Од ноќеска на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,50 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,50 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 86,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,00 (денари/литар) и Мазут М-1 НС 46,976 (денари/килограм).