Бензините поевтинуваат за 2,50 денари, дизелот за 3 денари

Одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од ноќеска на полноќ во просек за 2,97 отстом денеска донесе Регулаторна комисија за енергетика. РКЕ соопшти дека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,50 ден/лит, а со што цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 3,00 ден/литарт и со што цената ќе изнесува 83,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 82,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,886 ден/килограм и ќе изнесува 45,087 ден/кг.

Претходна вестОперата „Турандот“ ќе биде изведена во Националната опера и балет
Следна вестИнфлацијата во септември 6,6 отсто