Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/литар, соопштија од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Од вечерва на полноќ ЕУРОСУПЕР 95 ќе се продава по цена од 77 денари, додека ЕУРОСУПЕР 98+ ќе се продава по цена од 79 денари.
ЕУРОДИЗЕЛ останува по цена од 69,5 денари.
Останува иста и цената на Екстра лесното масло 69 денари, додека цената на мазутот се намалува за 1,1 денар и ќе се продава по цена од 45,2 денари по килограм.