Бензините поскапи еден, а дизелот за 1,5 денари

Од ноќеска на полноќ се зголемуваат на цените на бензините и на дизелот, соопшти денеска Регулаторна комисија за ехергетика.

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 и на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за еден денар. По цена повисока за 1,5 денари по литар од ноќеска на полноќ ќе се продава и еуродизелот (Д-Е В).

Со новите цени еуросупер БС-95 ќе се продава за 78,50 денари по литар, Еуросупер БС-98 за 80,50 денари, а екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе изнесува 67,50 денари, а еуродизел (Д-Е В) ќе се продава за 69 денари за литар.

Претходна вестЧлен на Судскиот совет пријавил дека некој му претурал по работите во канцеларијата
Следна вестИздржаа само неколку часа: Откорнати новите обрачи на кошевите во ОУ „Љубен Лапе“ во Аеродром