Беса и официјално не е дел од Владата

Беса од денеска и формално не е дел од Владата на Зоран Заев, откако Собранието, во почетокот на денешната седница, ги констатира оставките на министерот за земјоделство Аријанит Хоџа и на заменик-министрите за образование и за наука, Арафат Шабани и Седат Сулејмани.

Тие соопштија дека заминуваат од функциите на 12 ноември, откако не успеа иницијативата за изгласување недоверба на Владата, во која учествуваше и Беса, и покрај тоа што оваа партија беше дел од владејачката колаиција по ланските парламентарни избори, на кои настапуваше заедно со СДСМ.

Во меѓувреме, Заев и лидеорот на Алтернатива постигнаа договор за влез на оваа партија во Владата.

Претходна вестПресечен шверц на дрога од Косово, уапсени 6 лица, запленета марихуана вредна околу 600.000 евра
Следна вестСедум починати и 168 нови заразени за 24 часа од 1.478 теста