Бесплатни психолошки, логопедски и дефектолошки третмани во Кисела Вода

Децата кои имаат потреба, ќе добиваат бесплатни психолошки, логопедски и дефектолошки третмани во Кисела Вода. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на свој профил на Фејсбук објави дека креираат социјални мерки и услуги во интерес на граѓаните и дека врвен приоритет во работењето им се најмладите жители.

-Работејќи кон создавање подобри услови за живеење и активно вклучување на сите граѓани во заедницата, од денес во Припор функционира Центар за психофизичко здравје кој нуди логопедско-дефектолошки и психолошки услуги. Наша заедничка цел е да им овозможиме поголема достапност и полесен пристап на услугата на жителите на општината и да им помогнеме на семејствата во социјален ризик, напиша Ѓорѓиевски.

Градоначалникот додава дека жителите на општина Кисела Вода кои согласно Закон за социјална заштита спаѓаат во категоријата на ранливи семејства и имаат потреба од оваа услуга ќе може да се обратат во новоотворениот центар во Припор.

-За сите останати наши жители, обезбеден е попуст. Соработката со Центарот за психофизичко здравје ,,Гаспар” продолжува и понатаму како на локално така и на национално ниво и наскоро ќе бидат промовирани и нови услуги кои им се потребни на нашите жители, се вели во објавата на градоначалникот.

Претходна вестМНР со јавен апел до граѓаните на Македонија кои се во Израел
Следна вестОтворен музејот на „Алкалоид“