Без струја делови од неколку скопски општини

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:

• од 05:00 до 12:00 часот, корисниците од населените места: Студеничани и Моране. (Општината Студеничани)

• во истиот термин од 05:00 до 12:00 часот и населените места: Орешани, Таор, Ново Село, Пакошево, Гумалево, Тисовица, Смесница, Дејковец, Добрино, вклучително и објектите на ЖТП – Јане Сандански и ЖТП – Зелениково.(Општина Зелениково)

• во два наврата од 08:00 до 09:00 часот и од 10:00 до 11:00 часот, корисниците од дел од с. Крушопек. (Општина Сарај)

• од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од улиците: Благој Мучето и Архитект Сотир Томовски. (Општина Аеродром)

• од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул. Ловќенска во нас. Козле. (Општина Карпош)

Претходна вестПроменливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи
Следна вестЕдно лице повредено во пукање во населба Ченто