Без струја утре дел од општините Карпош, Петровец, Ѓорче Петров и Чучер Сандево

Без електрична енергија утре ќе бидат дел од корисниците од општините Карпош, Петровец, Ѓорче Петров и Чучер Сандево.

-Во периодот од 08:30 до 12:00 часот без струја ќе останат дел од корисниците од Горно Нерези во општина Карпош, од 08:30 до 14:30 часот корисниците од селата Тогинци, Катлановско Блаце, Кожле и Бадар во Катланово, општина Петровец, од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците од ул. „Тодор Ципоски Мерџан“ во општина Ѓорче Петров, а во периодот од 12:00 до 16:00 часот корисниците од селата Горњани и викендиците од Горњане во општина Чучер Сандево, соопшти РЦУК Скопје.

Претходна вестЈП „Лајка“ ќе ги едуцира децата како да се грижат за своите миленици
Следна вестДо петок трае собирањето потписи за кандидатите за претседател на претстојните избори