Без вода делови од Гази Баба и Ѓорче Петров

Поради уличен дефект делови од општините Гази Баба и Ѓорч Петров денеска ќе бидат без вода.

Според листата што ја објави ЈП „Водовод“ тоа се корисниците на улиците: „Сава Михајлов“ 5а „Тодор Чопов“, „Тодор Ецов“ и „Константин Петровиќ“ во Гази Баба и „Андреа Зограф 20б“,„Борис Сарафов“, „Црногорска“, „Беас Куле“, „Љубин“ и улица „Гостиварска“, во Ѓорче Петров.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до санирање на дефектот.

Претходна вестМнозинството работи на проекти, што нуди опозицијата – праша Османи
Следна вестСеверна Кореја се обидела да ја украде технологијата за вакцината на „Фајзер“?