Бездомни кучиња искасале граѓани во Аеродром и во Центар

Двајца скопјани се искасани од бездомни кучиња, соопшти полицијата.

МВР информира дека денеска во 00.25 часот во Полициската станица Центар, 49-годишниот В.К. од Скопје пријавил дека на улицата „Орце Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник, извести МВР.

Вчера, пак, во 12.10 часот во Полициската станица Аеродром, 40-годишниот М.Д. од Скопје пријавил дека во парк на подрачје на општина Аеродром во Скопје бил каснат од куче скитник.

Претходна вестСали нема информации за план за дестабилизација, го упати Мицкоски во Обвинителство
Следна вестТешка сообраќајка во Охрид, повредени се две деца и двајца возрасни