Билиќ прв кандидат за клупата на Украина

Хрватскиот тренер Славен Билиќ е најсериозен кандидат за местото селектор на Украина, тврди „Скај спортс Италија“, каде што би го заменил привремениот селктор Руслан Ротан.

Билиќ пред еден месец доби отказ од англискиот второлигш Вотфорд по само шест месеци, откако клубот падна на деветтото место во Чемпионшип.

Вотфорд беше седми клуб за Билиќ откако во 2012 година беше селектор на Хрватска, по Локомотив Москва, Бешикташ, Ал-Итихад, Вест Бромвич Албион и Пекинг Гуан.

Претходна вестКонкурс за прием на ученици во јавните ученички домови за 2023/2024 година
Следна вестМаж од Кичево доби кривична пријава, кај него најден кокаин