Денеска се гласа за градоначалници на Маврово и Ростуше и Центар Жупа, како и за избор на нов Совет на Општина Тетово. Навреме се отворени сите гласачки места, односно точно во 7 часот, а ќе бидат затворени во 19.
Во Маврово и Ростуше има 39 гласачки места, со 9.948 граѓани на избирачкиот список, во Тетово 84.072 избирачи, а во Центар Жупа 7.154. За последната општина има само еден кандидат, додека за Маврово и Ростуше има двајца.
Како и за сите избори така и за овие прес конференциите на Државната изборна комисија се на околу секои 2 часа, но овој пат ќе бидат од конкретни гласачки места на терен во споменатите општини.