Битолчанец навел лице со трајно душевно заболување на полово дејствие, чинот го снимал и го пренесувал во живо на Јутјуб

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело – Полова злоупотреба на немоќно лице од член 187 став 1 од Кривичниот законик.

-На 23 април, во својот дом во Битола, осомничениот полово злоупотребил лице со трајно душевно заболување, го навел да изврши полово дејствие, а чинот го снимал и го пренесувал во живо на регистриран канал на Јутјуб, соопшти Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Оценувајќи дека предлогот е оправдан и законски основан, Судот определи притвор во траење од 30 дена.

Претходна вестАхмети од Мала Речица ќе ги каже следните чекори на Европскиот фронт
Следна вестПриведен бегалец од затвор, издржува казна од две години и девет месеци