Битолчанец е лишен од слобода по инцидентот што го прадизвикал во еден маркет, соопшти полицијата.
МВР информира дека на 31.07.2024 полициски службеници од СВР Битола од ул.„Булевар 1-ви Мај “во Битола поради сомнение за сторено кривично дело по чл.133 од КЗ го лишиле од слобода Н.Б.(46) од Битола.
-Вчера во СВР Битола Д.Б.(34) од Битола пријавил дека во маркет на ул. “Гоце Делчев”, негова сопственост, влегол Н.Б. при што со оружје му упатувал закани. Од страна на полициските службеници лицето е пронајдено, извршен е преглед при што пронајдени и одземени му биле метална шипка и еден пластичен пиштол. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна пријава, соопшти полицијата.