Битолчанец загина откако со возило излетал од пат

Едно лице загина во сообраќајна незгода што се случила вчера на битолското подрачје, соопшти полциијата.

МВР информриа дека на 31.05.2024  во 14.42 часот во СВР Битола било пријавено дека на земјен пат во атар на с.Кременица, битолско, Ж.Р.(63) од село Средно Егри, битолско, управувајќи патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

-Од здобиените повреди возачот починал на местото на несреќата, а смрт била констатирана од лекар од Итната медицинска помош, соопштија денеска од полицијата.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

Претходна вестМечка и две мечиња излегоа на пат во Маврово
Следна вестГолема полициска акција во Скопје: Приведени 28 улични дилери на дрога – пронајдени кокаин, марухуана…