На битолската улица „Љубојно“ вчера во претпладневните часови, А.Ч.(26) од битолското село Црнобуки, управувајќи товарно моторно возило „мерцедес“ со гостиварска регистрација, изгубил контрола и удрил во куќа.
Како што информираат од МВР, во несреќата возачот се здобил со тешки повреди констатирани во Клиничката болница во Битола.
На местото на несреќата извршен бил увид од екипа од СВР Битола.