Битолчани нападнале полициски службеник

Според информации од МВР, вчера околу 16.45 часот на ул. „Јане Сандански“ во Битола, полициски службеници ги лишиле од слобода М.С.(39), А.С.(37) и Е.Р.(36), сите од Битола.

Овие лица како што соопштува министерството за внатрешни работи, физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејствија, а се однесувале агресивно и кон други полициски службеници.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Претходна вестПротест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за здравство за оставка од Филипче
Следна вестРаботник од Крива Паланка повреден во Скопје