Благ пораст на заразените – 19 нови, позитивно е што нема починати

Во последните 24 часа, од направени 2.518 тестирања, регистрирани се 19 нови случаи од кои во Тетово 11 и во Скопје 8.

Ако се следи трендот изминатите два дена, има благ пораст на новозаразените, а позитивно е што нема починати.

Не е познато дали има хоспитрализирани, бидејќи Министерството за здравство извесно време не испраќа информации за состојбата со ковид-пациенти во болниците, откако бројот на заразени нагло опадна.

До вчера бројот на случаи потврдени со делта – сојот е 10.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.760, бројката на оздравени пациенти е 150.118, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 156, од кои 56 во Скопје.

Претходна вестПандемијата го смени законот: Парите за субвенциониран оброк студентите ќе може да ги користат за што сакаат
Следна вест„Тортура“ се врати во повторно судење, но без нови докази – наскоро завршни зборови