Скопје низ историјата имал повеќе градоначалници. Некои ќе бидат запаметени како успешни, а некои не баш. Еден градоначалник ќе биде запаметен по тоа што го затекна катастрофалниот земјотрес во 1963 година и дека работеше последиците од тоа да се намалат.
Благоја Попов е тој градоначалник. Си припомнуваме на него оти е роден на денешен ден пред 103 години. Попов, не беше само градоначалник, тој претходно беше и партизан и се бореше за слобода на Македонија.
Тој уште во раната младост се вклучил во тогашното народноослободително движење кое за своја цел го имало ослободувањето на македонскиот народ и создавање на македонска држава во текот на Втората светска војна. За траа цел и издржувал затворска казна во Идризово, но и се борел, по што станал и носител на „Партизанска споменици 1941“.
По освоената слобода, Благоја Попов станал партиски секретар во Кочани, Штип и Струмица, но еден од најголемите предизвици му се случува кога во 1963-та година станува претседател на Собранието на Скопје. Тоа е функција којашто сега е соодветна на градоначалник на Скопје, а која на Попов му е доверена во периодот пред разорниот скопски земјотрес.
Катаклизмата којашто се случила на 26 јули 1963 година, во која загинаа 1.070 луѓе а беа повредени неколку илјади, а 200.000 останаа без дом, веднаш станал предизвик за Попов и сите останати коишто го воделе градот. Во тој период Попов прво се ангажира за санирањето на тешките последици од земјотресот и грижата за граѓаните. Потоа на ред доаѓа примањето на помошта од тогашната југословенска федерација но и од 87 држави од светот и обновата на градот.
Во тој период е донесена и одлука со која за наредните 5 години Скопје треба да се изгради така што да претставува модерен град. Тогаш се создала и специјално организирана „Дирекција за обнова и изградба на град Скопје“ која станала надлежна за обновата на градот…
Еден од важните проекти на кои се ангажирал Попов во тоа време била и изградбата на тринаесетте нови приградски населби со монтажни куќи во кои се сместуваат околу 70.000 жители на Скопје. Така, на 5 август 1963 година во Ѓорче Петров Благој Попов, како тогашен претседател на Градското собрание на град Скопје, во присуство на највисоките републички политички личности и голем број младински бригади со копач симболишно ја почнал изградбата.