Блинкен го повика Израел да користи „помали бомби“ во нападите на Газа

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен го повика Израел да ги намали цивилните жртви со употреба на „помали бомби“ за време на состанокот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пренесува „Њујорк Тајмс“. Блинкен се пофали дека на Нетанјаху му изнесол „конкретни чекори“ кои ќе ги намалат цивилните жртви во Газа.

Сепак, тој не сакаше јавно да открие кои се точно тие чекори.

Неименувани американски официјални лица изјавија за Њујорк Тајмс дека предлогот не вклучувал само употреба на помали бомби, туку и собирање повеќе разузнавачки информации за локацијата на Хамасовата командна и контролна мрежа.

Блинкен, исто така, се залага за користење на копнени трупи за одвојување на центрите на цивилното население од Хамасовите упоришта, како и за подобрување на целењето на лидерите на Хамас.

Вашингтон во петокот, наводно, побарал од Израел да ги објасни целите на разорните воздушни напади врз бегалскиот камп Џабалија во Газа, едно од најгусто населените места во енклавата, која и самата е една од најгусто населените области на Земјата.

„Политико“, исто така, објави дека американските власти го повикале Израел да користи „прецизно гаѓање“ и „похируршки пристап“ за да избегне непотребни цивилни жртви во иднина.

САД се надеваат дека со испраќањето на помали бомби од 250 фунти во Израел, би можеле да се обесхрабрат Израелците од користењето поголема муниција што предизвикува ужасна колатерална штета.

Претходна вестМицкоски за случувањата во Сопот: Ковачевски барем еднаш во неговиот живот да покаже дека не е обична кукавица и измеќар на Али Ахмети и ДУИ
Следна вест„Бунга банга“ девојките не сакаат да заминат од апартманите на Берлускони, неговото семејство ги брка