Блиску до закон со кој недела ќе биде неработен ден

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска пред членовите на Економско-социјалниот совет (ЕСС) ја презентираше последната верзија на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, а со кој се регулира денот недела да биде ден за одмор.

Најголемиот дел од работниците неделата да ја користат за одмор и за семејството. Работниците коишто работат во дејности во кои работниот процес е од таква природа што не може да се прекине, како ден за одмор може користат и друг ден од неделата и да им го платат работењето во недела согласно законите и колективните договори.

Останатите работодавачи нема да смеат да работат, и ако го прекршат законот и работат во недела, ќе има ригорозни казни.

Предлог – законот се договара со синдикатите, со претставниците на коморите и работодавачите и во него ќе бидат ставени повеќето од забелешките.

Претходна вестЗаев и Царовска слушаа: Се побара повлекување на реформата, задржување на посебните предмети, департизација на образованието…
Следна вестДо крај на годината Србија ќе ја произведува вакцината „Спутник В“- не е важно колку ќе не чини тоа, вели Вучиќ