До крај на годината Србија ќе ја произведува вакцината „Спутник В“- не е важно колку ќе не чини тоа, вели Вучиќ

Србија ќе инвестира колку што е потребно во започнувањето на домашното производство на руската вакцина „Спутник В“ до крајот на годината.

Ова според претседателот на Србија, Александар Вучиќ е првично договорено со рускиот претседател Владимир Путин, но признава дека процедурата за производство, ќе биде „комплицирана и тешка“, бидејќи Србија сега нема производствени капацитети за „Спутник В“, тука ќе мора да ги изгради.

-Не е важно колку ќе чини, ќе инвестираме во тоа, изјави денеска Вучиќ и додаде дека целта на Србија е да произведува не само за свои потреби, но и за извоз во регионот.

За оваа цел група руски експерти треба да ја посетат Србија следната недела.

Србија, со над 530.000 вакцинирани, или 7,5 отсто од населението, е на четвртото место во светот според бројот на вакцинирани на 100 жители, зад Израел, Велика Британија и САД.

Претходна вестБлиску до закон со кој недела ќе биде неработен ден
Следна вестСкопје синоќа се труеше и гушеше, дишат ли политичарите од истиот отровен воздух?