Грциja ја продолжи забраната за влез за странски државјани

Властите во Грција одлучија да ги продолжат мерките што важат за влез на странски државјани во таа земја до 22 февруари, пренесуваат грчките медиуми.

Мерките во Грција се засилени, а воведен е полициски час од 18 до 6 часот наутро.

Претходно денеска, Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција најави ново продолжување на ограничувањата на домашните летови до 15 февруари и меѓународните летови до 22 февруари.

Што се однесува до домашните летови, дозволено е само неопходно патување на сите аеродроми во земјата, што вклучува патувања од здравствени причини, за деловни цели, од објективни семејни причини (обединување на семејството) и враќање на луѓето кои имаат постојан престој, објави грчката новинска агенција АНА.

Претходна вестПукање на Бит Пазар: Едно лице заврши во болница
Следна вестДобро е што ни кажавте дека се гради патека во Карпош, немаше да видиме