Добро е што ни кажавте дека се гради патека во Карпош, немаше да видиме

Се реконструира велосипедската и пешачката патека на булеварот 8. Септември во Карпош, соопшти градоначалникот Петре Шилегов. Во тек било асфалтирањето „на последниот потег на целиот велоконектор од објектот на Настел кон булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, во должина од околу 185 метри“.

Оваа информација скопјани ја именуваа како „самопофалба“ на градоначалникот, па дадоа свои коментари за информацијата.

-Арно де, гледаме, правите, мора ли да пишете? Туку со воздухов што правиме, се угушивме?!
-Фали ме усто да не те расчепам, да не пишеше Шилегов, немаше ни да видиме, туку што правиме со ветувањата што не ги исполнивте? – прашуваат скопјани.

Вчера работата на Шилегов ја коментираше и ВМРО ДПМНЕ. Потсетија на неисполнетите ветувања на градоначалникот:
– Се што вети излажа. Вети и излажа чист алпски воздух. Градот Скопје е еден од главните градови во Европа со најмногу загаден воздух. Мандатот го започна со уништување на шумата на Водно и масакарот на падините кон Матка. Вети капитални сообраќајни решенија. Вети и излажа спуштена крстосница кај „Мавровка“. Вети и излажа продолжување на булеварот „Илинденска“. Вети и излажа тунел под Кале. Скопје го има најубавиот неизграден тунел под Кале и најубавата неизградена крстосница кај „Нова Македонија“ ветена од Шилегов, укажа партискиот портпарол Наум Стоилковски.

Тој додаде дека градоначалникот од Универзалната сала сакал да прави паркинг, а готовите решенија за нејзино обновување кои ги наследи се уште му стојат во фиока.
Во здравите демократски држави ваквите пораки, пред се како како овие од граѓаните, се рефлектираат врз работата на функционерите, во однос на нејзино подобрување, а не ретко се причина и за отказ.
-Кај нас скандалите при работењето, па дури и тешки криминали, не се доволен повод или причина за оставка на конкретен функционер, туку напротив, одговорност никој не понел, коментираат граѓаните.

Претходна вестГрциja ја продолжи забраната за влез за странски државјани
Следна вестДоделени наградите од Друштвото на писателите за 2020 година