Експертите уште не знаат од кое животно потекнува корона вирусот

Меѓународниот тим кинески експерти и експерти од Светската здравствена организација кои во Кина го бараат изворот на смртоносниот корона вирус, соопшти дека се уште не е пронајдено животното од кое потекнува.

Шефот на делегацијата експерти на прес – конференција кусо рече дека преносот на вирусот од животно е веројатен, но „сè уште не е идентификувано“.

Исто така нема ниту доволно докази за да се утврди дека овој вирус постоел во Вухан пред декември 2019 година.

Хипотезата до која се држат експертите на СЗО е дека корона вирусот од првото животно се пренел на второ животно како посредник пред да се прошири на луѓето.

Претходна вестОд први јули, нови пасоши со новото име
Следна вестДа можеше Вардар да плаче, од Вруток до Гевгелија и село и град ќе беа под вода