Венеција од денеска наплаќа влез во градот, 5 евра на ден

Венеција од денеска почна да наплаќа влез во градот за еднодневни излети, што е прв ваков случај во светот. Главната цел на оваа одлука е сузбивање на масовниот туризам. Туристичката такса требаше да започне на почетокот на годинава, но беше одложена поради логистичките тешкотии и стравувањата дека ќе се одрази на приходите од туризмот. Градскиот совет сега го потврди покренувањето на интернетската платформа за плаќање која туристите ќе мора да ја користат за да резервираат билети.

Иако се очекува да се прошири, пилот-проектот 2024 година ќе се применува само во одредени денови во екот на сезоната, од 25 април до 14 јули. Но, не само дневните посетители треба да бидат загрижени. Иако луѓето што ќе преноќат во градот нема да мора да ја плаќаат таксата, доколку престојуваат во градот во текот на тие датуми, сепак ќе треба да се регистрираат за ослободување. Таксата се наплаќа за дневни посети помеѓу 8:30 и 16:00 часот. За 2024 година, таа е фиксно 5 евра по лице на ден.

-За 2024 година, градот ги ослободи таксите за оние кои патуваат на повеќето острови во венецијанската лагуна, вклучително Мурано и Бурано, како и Лидо, дом на градските плажи. Меѓутоа, повеќето посетители на Мурано и Бурано, сепак, ќе мора да ја платат таксата, бидејќи повеќето доаѓаат со фериботи од центарот на градот, пишува „Еуро њус“.

Луѓето кои поминуваат низ Пјацале Рома (автобуски терминал), Трончето или Стационе Маритима (каде што сè уште се закотвуваат помалите бродови за крстарење) ќе бидат ослободени додека не преминат во „Стариот град“.

Претходна вестВо скопско Визбегово татко ги нападнал своите синови
Следна вестШкотски медиуми пишуваат дека Абердин ја одредил цената за Миовски – 8 милиони фунти