Да можеше Вардар да плаче, од Вруток до Гевгелија и село и град ќе беа под вода

Ниту еден градоначалник на Скопје, а и на другите делови од Македонија каде што минува реката Вардар, никогаш не направи стратегија како да се исчисти реката и речното корито. Внатре има се и сешто. За шпорети, фрижидери и гуми, на пример, и да не зборуваме – тие се вообичаена работа.

И не само предмети, во Вардар се слеваат фекалиите, отпадните води…

-Сите фекални води од градот кој полека станува милионски, се испуштаат директно во Вардар. Без никакво прочистување. Водата од тоалетните казанчиња, кадите и мијалниците, со сите фекалии, тоалетна хартија, средства за чистење тоалети, остатоци од храна, детергенти, сапуни за бањање… сè завршува во долното течение на Вардар, некаде после железничката станица. Ако на тоа се додаде и целата атмосферска канализација, заедно со испустите од индустриските објекти, станува јасно зошто смрди при секоја прошетка покрај Вардар, реагираат од 02 Иницијатива.

Централната пречистителна станица во Скопје, која се најавува со години, сè уште не е почната да се гради. Не е завршена ниту изградбата на колекторскиот систем кој треба да ги собере отпадните води од скопската канализација кои сега се исфрлаат директно во Вардар.

Да можеше Вардар да плаче, од Вруток до Гевгелија немаше да има ниту град ниту, улица, се ќе беше потопено…

Претходна вестЕкспертите уште не знаат од кое животно потекнува корона вирусот
Следна вестЗаедничка македонско-канадска изложба на тема идентитет