Заедничка македонско-канадска изложба на тема идентитет

На тема идентитет, вечерва во Чифте Амам се отвора заедничката изложбата на македонски и канадски уметници, „FLUX IDENTITY“.

Изложбата ќе ја прикаже сцената на современата уметност во Канада преку делата на девет канадски уметници од Квебек Сити, Монтреал, Торонто, Отава и Ванкувер: Два Гуливер (Бесник и Флутура Хаџилари), Милутин Губаш, Сандра Брустер, Весна Перунович, Коко Гузман, Боја Васиќ , Стјуарт Рид, Садко Хаџихасановиќ. Во Скопје, со уметници од Канада, на истата тема, ќе се организира ликовниот дијалог заедно со избраните уметници од земјава Моника Мотеска, Вана Урошевиќ, Роберт Јанкулоски, Дијана Томиќ Радевска, Велимир Жерновски, Шќипе Мехмети. Тие ќе се здружат околу темата за идентитетот разбрана во широка смисла, со многу паралелни слоеви, препознаени по својата тенденција да бидат флуидни и пропустливи. Може да се разгледа од различна почетна перцепција: национална, полова, економска, културолошка, технолошка, социолошка, антрополошка, етнолошка религија, итн.

Во многу делови на светот, оваа тема е многу актуелна во денешно време. Тоа е една од темите што ја поврзуваат Канада со земјите од Југоисточна Европа кои се соочуваат со проблеми предизвикани од различни и разновидни идентитети.

Претходна вестДа можеше Вардар да плаче, од Вруток до Гевгелија и село и град ќе беа под вода
Следна вестПретпладне облачно, попладне ќе има и малку сонце