Затвореник избегал од затворот во Куманово, но…

Затвореник фатен откако побегнал од затвор. Имено, педесет и седумгодишник од неготинското село Долни Дисан, синоќа во 22 часот бил приведен од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи од Неготино, поради бегство од казнено – поправната установа „Затвор – Куманово“, каде издржувал затворска казна.

Како што соопшти денеска полицијата, лицето е спроведено во Казнено – поправната установа „Затвор – Куманово“ за доиздржување на казната.

Претходна вестИзбоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Следна вестМицкоски се сретнал со Таравари во штабот на „ВРЕДИ“