САД се најмоќна воена сила во светот, втора е Русија, во регионот најсилна е Србија, Македонија е на дното на листата

САД се воено најсилната држава во светот. Ова го објави организацијата „Глобална воена сила“ кога ја презентираше листата на најмоќни воени сили во светот. На прво место е САД. На второ место е Русија, а потоа следуваат Кина, Индија и Јапонија.

Од државите во поблискиот регион најмоќна воена сила е Србија, со индекс од 1,0063 и е на 61 место во светот. Хрватска е на 63 место, Словенија на 88, Албанија е 113, Босна и Херцеговина е 121, Црна Гора е 123 и Македонија е на 133 место со индекс 5.0801.

Најмоќна европска воена сила е Франција, која е на седмото место во светот, потоа Велика Британија е осма, Турција е на 11 место, Италија на 12 и Германија е на 15 место.

На листата се 139 држави, од кои последна е Бутан со индекс 23.2577. Колку индексот е поголем толку земјата е полошо рангирана.

Листата се подготвува на повеќе од 50 фактори за одредување на иднексот на воена моќ, меѓу кои конкретните воени сили, како бројот на војници, авиони, тенкови, потоа финансиската моќ на државата и издвојувањето за одбранатра, како и логистичките капацитети, географската положба и друго.

Претходна вестМицкоски работи на создавање парламентарно мнозинство, а Иницијативен одбор во ВМРО-ДПМНЕ работи тој да замине на вонреден конгрес
Следна вестЗаев засега ќе навива за повторна кандидатура на 8 градоначалници, меѓу нив нема ниту еден од Скопје