Заев засега ќе навива за повторна кандидатура на 8 градоначалници, меѓу нив нема ниту еден од Скопје

Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев лично ќе застане зад повторната кандидатура на претстојните локални избори на осум актуелни граодначалници.

-Исклучително сум задоволен од работата на градоначалниците на Валандово, Богданци, Демир Капија, Конче, Кочани, од новиот градоначалник на Штип, на Старо Нагоричане, Крушево, Маврово Ростуше… Она што можам да кажам во моментот е лично како претседател на СДСМ ќе застанам зад неколку кандидати заради тоа што имам свој личен впечаток, што не значи дека ќе биде и конечна одлука бидејќи имаме јасни и статутарни определби како се прави тоа, изјави денеска Заев.

Тој додаде дека постапките за селекција и избор на кандидати за локалните избори во СДСМ ќе се одвиваат во мај и јуни и оти тогаш конечните одлуки ќе ги носат органите на партијата.

Индикативно е што лидерот на СДСМ во оваа прва изјава за идни партиски кандидати не спомнал ниту еден од градоначланиците од Скопје, ниту градоначалникот Петре Шилегов, ниту, пак, некој од општинските градоначалници. Дали тоа значи дека тој не е „исклучително задоволен“ од нивната работа како кај наведените осумина?

Претходна вестСАД се најмоќна воена сила во светот, втора е Русија, во регионот најсилна е Србија, Македонија е на дното на листата
Следна вестУтре ги добиваме првите вакцини – „мразот го крши“ пратката од Србија