Македонско друштво „Илинден“-Тирана одбележа 12-годишнината од формирањето

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана вчера ја одбележа 12-годишнината од основањето.

По тој повод, ја додели годишната награда „Илинден” која и припадна на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), единствената политичка партија на Македонците во Албанија. Беа доделени и благодарници на институции за нивните перманентни активности во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет на припадниците на македонското национално малцинство во Албанија.

– И оваа година беа предложени повеќе институции и поединци, но од предложените беа избрани оние кои со својот ангажман најмногу придонеле за подобрување и дисперзија на сознанијата за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција на македонското население во Албанија, изјави за МИА претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај.

Благодарници добија Работната група на словенските малцинства (АГСМ) при Федералната унија на европските националности (ФУЕН), Макарцев Максим Максимович, виш научен соработник во Институтот за славистика при Руската академија на науките, како и Едмонд Османи,  администратор на административна единица Требиште област Голо Брдо и потпретседател на Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ.

Претходна вестПолицијата казни седум мотоциклисти, одземени се два мотори
Следна вестВо Центар 17 возачи возеле без возачка дозвола