БМВ излета во скопско, повредени три лица

На 21.08.2021 година во 11.10 часот на автопатот „Гоце Делчев“, пред клучка Коњари, скопско, патничко возило „БМВ“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(24) од Штип, излетало од коловозот.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.П.(47) од Штип, додека возачот и 17-годишна сопатничка од Штип се здобиле со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информира МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Претходна вестСкопје, Тетово и Гостивар на врвот, според бројот на заразени
Следна вестЧетворица повредени во сообраќајка на патот Струга-Охрид