Ние ќе се бориме да не биде изгубена битката за градење на просторот на „Треска“ и спроти „Холидеј ин“, изјави градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ за емисијата „360“.
Според него, сите институции треба да се вклучат во решевање на проблемите со ДУП-от спроти „Холидеј ин“ и на просторот на поранешната фабрика „Треска“.
-Вие имате донесени планови од претходно, кои што биле спротивни и донесени после донесен Генерален урбанистички план, со параметри од стар урбанистички план и гледате дека никој не покренува ништо. Само има најави, а се стои. Општината е последната нешто што може да направи, но таа барем прави. Јас не можам да направам чекор, со кој ќе ја заглавам општината. Ќе ги исцрпиме сите правни механизми, а кога ќе ги исцрпиме ќе дадам конечен договор, рече Богдановиќ.