Бојан Миовски во три дена погоди против гигантите Селтик и Ренџерс

По Селтик, Бојан Миовски ја погоди и мрежата на Глазгов Ренџерс, но за разлика од натпреварот со Келтите, изминатиот викенд, синоќа Абердин не успеа да го избегне поразот.

Абердин гостуваше на „Ајброкс“ кај Ренџерс, а Миовски во 45-та минута го изедначи резултатот на 1-1. За македонскиот репрезентативец ова беше 13-ти гол во Премиер лигата на Шкотска.

„Полицајците“ првиот гол го постигнаа преку Матондо во седмата минута. Ренџерс победата ја обезбеди во 72-та минта со голот на Кантвел.

Абердин со натпревар помалку од конкурентите се наоѓа на деветото место со 25 поени, додека Ренџерс има ист број на бодови како и лидерот Селтик.

Претходна вестГрција во градежна офанзива, Македонците кои планираат летување таму, треба да бидат подготвени на гужви
Следна вестДенес состанок на Комисијата за заразни болести