Бојко Борисов: Николоски да се извини и да поднесе оставка

Поранешен бугарски премиер лидер на ГЕРБ, сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, Бојко Борисов прашан за коментар на изјавата на македонскиот вицепремиер Александар Николоски, рече дека за тоа има само еден еден одговор, а тоа е извинување и побара оставка од вицепремиерот Николоски.

Доколку тоа не се случи, Борисов порача дека ниту бугарскиот претседател, ниту премиерот, ниту министрите не треба да се среќаваат и да разговараат со претставници на властите во Скопје.

-Мислам дека постапија подло со претседателот, со министрите кои се сретнаа со нив, најдобронамерно, тоа не можам да го одречам. Навистина тие се од неодамна во Владата во Северна Македонија и работите околу протоколите не му се јасни на државниот протокол. Тоа е јасно опишано, за пријателска средба што се прави, за официјална, за работна, но да речеме дека тука немаат искуство. Но, јазикот што го користат има само едно оправдување – извинување. Оставка на тој министер. И, ако не го направат тоа, ниту претседателот, ниту премиерот, ниту министрите, ниту партиите не треба да се сретнат и да разговараат со нив, изјави Борисов, пренесуваат бугарските медиуми.

Лидерот на ГЕРБ најави дека тие од своја страна ќе ја информираат Европската народна партија (ЕПП), каде што членува и ВМРО-ДПМНЕ, за да знае, како што вели, што зборувале.

-Ние ќе направиме сè што е неопходно во Европската народна партија (ЕПП) да знаат што зборувале и за што е нашето категорично решение по тоа прашање, вели лидерот на ГЕРБ.

Претходна вестМодуларната болница кај Инфективната клиника ќе ја користат Затвор Идризово или Министерство за одбрана
Следна вестМакедонија воздржана: ОН ја поддржа палестинската резолуција за ставање крај на израелската окупација