Бојкотот на средношколците од понеделник на еднонеделен распуст

Сојузот на средношколци од понеделник ќе го стават во мирување бојкотот на наставата што го почнаа со второто полугодие.

Оваа одлука ја донеле по средбите со парламентарните партии, при што како што велат, имаат поддршка од повеќе од 70 пратеници, и на ваков начин им оставаат можност и време на институциите да ги прифатат нивните барања.

Во понеделникот пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог-закон за измени и дополнување на Законот за средно образование, во согласност со барањата на Сојузот – на државната матура да полагаат два наместо четири предмети оваа година.

Министерката за образование и наука Мила Царовска, пак, вели дека државната матура годинава ќе се спроведе онака како што е според законот, бидејќи сите рокови се одминати за да се прави нов концепт за матура, кој е во план за наредната година.

Претходна вестИли во Армија или на чело на партија
Следна вестПретежно сончево, температура до 16 степени