Бојмацалиев:  Ќе се воздржам од коментари за обвинувањето во кривичната пријава до завршување на постапката

Поранешниот заменик министер за внатрешни работи во техничката влада, Митко Бојмацалиев за Либертас изјави дека би се воздржал од коментари во однос на информацијата дека тој во времето кога бил шеф на кабинетот на тогачниот министер Оливер Спасовски и началничка на Сектор за управување со човечки ресурси, стручно оспособување и усовршување за денеска поднесената  кривична пријава за сторено кривично дело „повреда на правата од работен однос“.

– Ќе се воздржам од коментари до завршување на постапката. Нормално сум на работа, информацијата ја видов во медиумите, кажа тој.

Како што информираат од МВР, Бојмацалиев и началничката спречиле да се вработи една од најдобрите студенти на Факултетот за безбедност иако договорот за работа бил потпишан од министерот за внатрешни работи и заведен во писарницата на МВР

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против М.Б. и М.С. поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело ,,повреда на правата од работен однос“ по член 166 од Кривичниот законик.

Претходна вестФранцуска вечер на „Охридско лето“ со пијанистката Софија Вајан
Следна вестПротестна уметничко-скулптурална акција во Вардар како повик за изградба на пречистителна станица