Болни од леукемија месец и половина се оставени без терапија

Месец и половина пациенти заболени од леукемија не ја примаат потребната терапија, предупредија тиа на денешното одбележување на Светскиот ден на хронична миелоидна леукемија на Медицинскиот факултет во Скопје.

-Сега моментално околу месец и половина немам лекови никакви не пијам на контрола не сум бил, не ни сакам да одам. Ни рекоа дека проблемот бил тендер. Лекот морам секојдневно да го пијам. Ако прекинам со терапија ме тера на спиење и омалаксан сум, се пожали пациентот Зоран Ристовски.

Директорката на Клиниката за хематологија Ирина Пановска – Ставридис изјави дека проблемот е кај компанијата која го произведува лекот.

-За жал, иако е тендерот завршен, компанијата „Новартис“, којашто го произведува лекот за нашата земја не може д аобезбеди количина на лек за нашата земја и тоа до крајот на ноември. Заради тоа е застојот, тој не беше во набавката, објасни таа.

Директорката на хематологија вели дека пациентите за коишто нема терапија можат да примаат друг, второгенерациски лек со којшто болеста ќе остане стабилна до доаѓањето на нивниот.

Министерот за здравство, Беким Сали вели дека министерството прави напори за обезбедување на неопходната терапија.

-Поради тоа што се работи за скапи лекови, буџет и количина се планираат годишно на годишно ниво базирајќи се на претходните две или три години. Имаме период кога се јавуваат нови пациенти ги вметнуваме во третманот меѓутоа количините се трошат предвремено. Истото прашање ми се поставува неколку пати зошто процедурата за јавна набавка трае толку долго, дали би можело да се скрати. Јас посакувам да е така, меѓутоа не е само во ингеренции на Министерството за здравство процедурата за колку време би можело да се набави нов лек односно недостигот на лекови во одредени институции, реле Сали.

Претходна вест„Јунајтед груп“ го назначи Кике Вивас за нов потпретседател за маркетинг на групацијата
Следна вестМакедонски државјанин ограбил маркет во Црна Гора