Синоќа на граничниот премин (ГП) „Богородица“, на излез од Македонија, полицијата го уапсила 38 годишниот Босанец М.А. кој управувал товарно возило „Мерцедес“ со полуприколка со босански национални ознаки, затоа што при извршена проверка, биле пронајдени 15 мигранти од Кина, од кои еден малолетник, соопшти денеска МВР.
Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје и поради постоење на основи на сомневање дека сторил кривично дело „криумчарење на мигранти“ по чл. 418-б ст.4, а во врска со ст.2 од КЗ, против М.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар Гевгелија.