Бранот пак стана цунами: 6 пациенти починале, 205 новозаразени, букнува во СВ. Николе

Во последните 24 часа се направени 1728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив во Скопје – 60, Куманово-13, Дебар-17, Штип-10, Прилеп-2, Тетово-13, Струга-12, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-23, Струмица-1, Крушево-1, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-1, Свети Николе-29, Кичево-7, Ресен-3.

Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје и два од Гостивар. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст од 62, 68 и 94 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се двајца пациенти на возраст од 65 и 70 години. Во ОБ Гостивар е почината пациентка на возраст 80 години, информира Министерството.

Институтот за јавно здравје, денеска, регистрира 336 оздравени лица од: Скопје-113, Куманово-28, Дебар-8, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-40, Струга-52, Велес-1, Охрид-57, Кавадарци-1, Гостивар-8, Крива Паланка-4, Кочани-1, Пробиштип-1, Валандово-2 и Ресен-4.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7777,  бројката на оздравени пациенти е 3960, на починати е 368, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3449. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 3716, активни 1871,Куманово 831, активни 164,  Дебар 137, активни 76,  Штип 421, активни 161, Прилеп 291, активни 59Тетово 844, активни 324,   Струга 300, активни 147, Велес 201, активни 38, Битола 68, активни 27, Охрид 219, активни 133, Кавадарци 23, активни 15, Гостивар 211, активни 128 итн.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 59 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 деца позитивни и 1 суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти.

Претходна вестГо однеле во парк-шумата во Гази Баба и го тепале поради долг од 6.000 евра
Следна вестKога ќе се знае дали ќе се учи онлајн од септември, во октомври?