Рекордна бројка на новозаразени лица од корона вирусот е забалежана во Македонија во изминатово деноноќие – дури 317. Министерството за здравство соопшти дека толку новозаболени имало по извршени 1990 тестирања. Од нив, најмногу се од Скопје – 182, а потоа следат-Куманово 12 ,Дебар 3 ,Штип 13, Прилеп 5,Тетово 8, Велес 7, Битола 6, Охрид 1, Кавадарци 4, Гостивар 11, Гевгелија 12, Струмица 12, Крива Паланка 3, Радовиш 5, Кочани 18, Валандово 3, Делчево 2, Свети Николе 4, Кичево 4, Ресен 1 и Неготино 1.
-Починати се 4 лица, од Скопје (59г.), Струга(65г.), два пациенти од Гостивар (71г. и 76г.), се наведува во информацијата
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 199.372 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 19413, бројката на оздравени пациенти е 15749, на починати е 772, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2892.