Браво: Бесплатна градинка и бесплатен оброк од прво до петто одделение во училиште во Лозово

Општината Лозово донесе одлука за бесплатна градинка за сите деца согласно максималниот капацитет и бесплатен оброк за сите деца од прво до петто одделение во ООУ „Методи Митевски-Брицо“. Општината со овие две нови мерки ќе ги помага родителите во време на економската криза.

– Како човек кој потекнува од Работничко семејство точно знам со какви финансиски предизвици се соочувале моите родители за да ни обезбедат пристојни услови за раст и развој кои секој родител ги посакува за своето дете. Од собраните досегашни искуства, за тој да биде правилен и детето да го достигне својот полн психофизички капацитет, неопходно е да се обезбедат соодветни услови кои подразбираат здрава и избалансирана исхрана, како и нормална средина во којашто детето ќе расте и ќе се развива. За жал голем процент од граѓаните, не можат да ги овозможат овие услови на сопствените деца поради финансиските потешкотии со кои се соочуваат, напиша градоначалникот Бошко Цветковски на ФБ.

Претходна вестКовачевски му одговори на Радев: Наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците на Радев во Уставот
Следна вестСоцијално загрозените ученици од Кисела Вода ќе летуваат бесплатно во Охрид