Браво, волонтери собрале над 60 вреќи ѓубре на Водно

Прекрасното Водно денеска го чистеле прекрасни луѓе. Имено, група млади ентузијасти и волонтери од Amos Shelter ги засукале ракавите и исчистиле еден дел од падините на Водно кој навистина е претворен во ѓубриште.

Разгалените „рекреативци“ фрлале се и сешто, а одговорните и вистински рекреативци чистеле.

Веста и фотографиите за тоа самите волонтери ги објавиле на фејсбук страницата – „Не биди ѓубре“.

Скромно само е напишано: „60+ вреќи. Акцијата за чистење на падините на Водно ја спроведееее: Amos Shelter“.

Дали некој „разгален“ рекреативец после ова ќе се засрами нема да дознаеме. Но, ако некој од нив престане на фрла ѓубре насекаде, а плус и понекогаш излезе да чисти, тогаш добро е, акцијата на вистинските рекреативци ќе има двоен позитивен ефект.

Претходна вестВо ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 19 пациенти
Следна вестПочинале 8 пациенти од вирусот, новозаразени се 237 лица