Браво за македонскиот репрезентативец Бојан Миовски. Тој продолжува да игра одлично за Абердин во шкотската Премиерлига. Овој пат тој го предводеше својот тим до 4:0 победа над Рос каунти.
Одличниот Миовски даде два гола и една асистенција за само 54 минути на теренот.
Миовски го отвори резултатот во 21. минута, во 48. минута му асистираше на Мекгрет за 3:0, за во 54. минута да го постигне и својот втор гол за фантастична победа.
Ова е само прва победа за Абердин во првите пет кола од новиот шампионат и тие се на претпоследното место на табелата со 5 освоени поени.