23-годишна бремена жена од Скопје починала на Гинекологија „Чаир“. Таа била во осми месец од нејзината бременост, но според надлежните на Гинекологија била донесена со влошена здравствена состојба.
Како што соопшти полицијата, вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 7:00 часот во Гинекологија „Чаир“ сo влошена здравствена состојба била донесена Н.М.(23) од Скопје, бремена во осми месец.
Според пријавеното, кратко потоа таа починала во Одделението за интензивна нега, но било извршено породување и било извадено живо женско дете.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, најавија од МВР.