Брестовац нема повеќе да ја води македонската ракометна репрезентација

Македонската ракометна репрезентација остана без тренер. Досегашниот тренер Данило Брестовац веќе не е селектор. Ова го соопштија на својата официјална страница од федерацијата.

-Ракометната Федерација на Македонија би сакала да ја извести јавноста дека македонската куќа на ракометот и г. Данило Брестовац, на 26 јануари 2021 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на машките ракометни сениори.

За потсетување, Брестовац ја извршуваше оваа функција во период јуни 2019 – јануари 2021 година, односно до последниот натпревар на Македонија на Светското првенство во Египет.

На Мундијалот во Каиро нашата на репрезентацијата доживеа пет порази, а победи само на еден натпревар.