Британија одобри екстрадиција на Џулијан Асанж во САД

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж ќе биде екстрадиран во САД откако Велика Британија донесе таква одлука.

Британскиот секретар за внатрешни работи Прити Пател потпиша наредба за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, да се екстрадира во САД. Пател разгледуваше дали барањето за екстрадиција на САД ги исполнува преостанатите правни тестови, вклучувајќи го и ветувањето дека нема да биде убиен.

Од министерството за внатрешни работи изјавија дека тој има 14 дена за поднесување жалба. Се очекува тимот на Асанж да поднесе жалба и да се фокусира на правото на слобода на изразување, односно за тоа дали барањето за екстрадиција е со политичка заднина.

Асанж во САД се бара врз основа на 18 кривични пријава откако Викиликс во 2010 година објави илјадници доверливи податоци и дипломатски извештаи. Ако биде прогласен за виновен, на Асанж му се заканува казна до 175 години затвор.

Претходна вестКовачевски: Решението со Бугарија мора да содржи гаранции дека ќе нема други барања
Следна вестВо делчевско пронајдено безживотно тело на 81-годишник